Генералштаб на руската армија: Пресретнати 71 од 103 ракети истрелани врз Сирија


Сирискиот систем за противвоздушна одбрана С-300 од советско производство, урна 71 од 103-те крстосувачки ракети што рано изутринава ги истрелаа САД и нивните сојузници врз цели во Сирија, соопшти денеска началникот на Оперативната управа на Генералштабот на руската армија, генерал Сергеј Рудској.

– Сириската армија ги урнаа сите ракети насочени кон четирите клучни воздухопловни бази, додаде Рудској.

Тој нагласи дека при нападите нема жртви, а објектите што биле погодени претрпелие само помали штети.

Според Рудској, целта на сојузничките напади била да се предизвика дестабилизација на состојбата во регионот.

Рускиот генерал истакна дека претпладнево состојбата во Дамаск и во другите сириски градови е мирна.