Галичка свадба меѓу најдобрите европски фестивали според „Њујорк тајмс“
„Њујорк тајмс“ ја вброи Галичката свадба меѓу деветте најдобри европски фестивали кои вредат да се посетат.
На листата се наоѓаат фестивали од Шведска, Шпанија, Германија, Шкотска, Чешка, Италија, Македонија и два фестивали во Франција.
Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност.
Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.
Годинава се очекува Галичката свадба да се одржи од 13 до 15 јули.