Гала- вечер на Американскиот филмски институт: Амал Клуни прв пат прозборе за љубовта кон Џорџ
САД- Адвокатката за човекови права Амал Клуни (40) за прв пат јавно зборуваше за љубовта кон нејзиниот сопруг Џорџ (57), на вчерашната церемонија на Американскиот Филмски Институт во Лос Анџелес кога и му беше доделена наградата за животно достигнување.Клуни кој има освоено два оскара, важи за еден од најдобрите актери во Холивуд. Неодамна изјави дека се повлекува од филмот, освен во ТВ серии и ќе м усе посвети на семејството, децата Ела и Александар и кои наполнија една година.
Амал вљубено говореше за нејзиниот сопруг велејќи: „Пред сè, тој е џентлмен. Тој е џентлмен во секоја смисла на зборот, нешто што е ретко во денешно време, нешто што можеби и не постои веќе“.
Додека таа говореше, актерот ја гледаше со гордост и уживаше во нејзините искрени зборови кои јавноста можеше да ги слушне за прв пат.
„Го запознав Џорџ кога имав 35 години. На почетокот се криевме во мојот стан во Лондон и за многу скоро знаев дека никогаш не сакам да бидам со некој друг. Не можев да спијам кога бевме одвоени, тешко ги читав пораките или писмата што тој знаеше да ги скрие во мојата чанта. Она што го најдов со тебе е љубов какво што секогаш се надевав дека постои“, рече сопругата на актерот.
На доделувањето, Клуни ги повика и своите најдобри пријатели Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.