Во чест на кралицата: Меланија Трамп во жолт фустан на вечера со Тереза Меј во Лондон


САД- Првата дама на САД Меланија Трамп знае како да остави впечаток кога го придружува сопругот на значајни средби.

Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во раскошен стил на вечерата во палатата „Бленам“  во Лондон.

Доналд се одлучи за класичен црн костум, а Меланија блесна во бајковита жолта тоалета од шифон на Жил Мендел.

Двојката беше пречекана од страна на премиерката на Велика Британија Тереза Меј, облечена во црвена долга тоалета и нејзиниот сопруг Филип Меј.

Жолтиот фустан, според стилистот на Меланија, е во чест на кралицата Елизабета Втора на која и е омилена боја.