Во ХЕС „Црн Дрим“ лани произведени над 256 милиони киловат-часови струја


Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“ кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“ минатата година произвеле над 256 милиони киловат-часови електрична енергија.

– Во ХЕ „Шпилје“ кај Дебар се произведени 275,5 милиони киловат- часови електрична енергија што претставува остварување на планот за 57,6 отсто. Во ХЕ „Глобочица“ кај Струга се произведени 97,6 милиони киловат-часови што значи остварување на годишниот план за 52,9 отсто, изјавија за МИА од ЕЛЕМ.

Турбините на двата значајни електроенергетски објекта во поголем дел од годината произведувале според потребите на системот, но импакт за помалото производство има и неповолната хидрогија на ова сливно подрачје.

Двете хидроелектрани технички се во солидна кондиција, а нивото на акмулациите е во рамки на просекот за овој период од годината. По последните дождови, се забележува благо зголемување на дотекот на вода во акумулациите