Во сообраќајна несреќа во Грција изгореа 11 бегалци и мигранти


На регионалниот пат меѓу грчките градови Кавала и Солун, во сообраќајна несреќа рано утрово животот го загубија 11 лица откако комбето во кое што се превезувале се судрило со камион, а двете возила се запалиле.

Според грчките медиуми, 11-те лица кои изгореле живи биле бегалци и мигранти. Поради тоа што телата биле јагленосани, идентификација ќе оди преку судска медицина и ДНК примероци.

Причините за несреќата за сега се непознати, возачот на комбето кое се движело накај Солун, најверојатно поради големата брзина изгубил контрола и се судрил со камионот што доаѓал од спротивна насока. Ударот бил силен и се запалиле и двете возила. Возачот на камионот во последен момент успеал да го напушти камионот и да се спаси.