Во сообраќајка загина 80-годишна жена


Осумгодишна струмичанка загина во сообраќајка што се случи во средата околу 13.20 часот на улицата „Борис Поп Димитров“ во Струмица. Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако Ј.Г. (45) од Струмица, управувајќи патничко моторно возило „ланд ровер“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.Т. (80), која починала на местото на настанот. Се превеземаат мерки за расчистување на случајот.