Во Русија годинава зголемен бројот на милијардери од 69 на 74


Русија-Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Креди Суис.

Во извештајот се нагласува дека постои нееднаква распределба на богатството во државата. „Силната концентрација на богатство во Русија се одразува на фактот дека има 74 возрасни милијардери и покрај ниското ниво на богатство по возрасна личност“, се додава во извештајот. Според нив, 10 отсто најбогати жители поседуваат 82 отсто од богатството во Русија. „Богатството на домаќинствата во Русија многу брзо се зголемило во првите години од векот. Меѓу 2000 и 2007 година богатството по возрасно лице е осумпати зголемено“, се вели во документот.

Тоa e високо ниво – поголемо и од САД (76 отсто) каде распределбата на богатство е една од најконцентрираните во развиените држави. Тоа ниво е поголемо и од она во Кина – 62 отсто, се вели во извештајот.