Во Романија не успеа референдумот за забрана на истополови бракови
Романија– Дводневниот референдум во Романија, на кој гласачите одлучуваа за уставна измена според која семејството ќе се дефинира како заедница помеѓу маж и жена, со што ќе се забрани истополовиот брак, не успеа, бидејќи не излегоа доволен број гласачи.
Централната избирачка канцеларија соопшти дека по затворањето на гласачките места, на референдумот излегле 20,41 отсто од вкупниот број гласачи, меѓутоа неопходно беше да излезат најмалку 30 отсто за референдумот да се прогласи за важечки.
Со неусвоениот амандман требаше да се измени дефиницијата за семејство во романскиот Устав, тако што бракот наместо заедница на „сопружници“ требаше да се дефинира како заедница помеѓу „маж и жена“.
Романската православна црква го поддржа амандманот.