Во МСУ предавање на тема „Рефлексивен музеј“ на Кејт Фаул
Предавање на тема „Рефлексивен музеј“ ќе одржи вечер во Музејот на современата уметност – Скопје, Кејт Фаул, водечка кураторка во Гараж Музејот на современа уметност во Москва и директор на Асоцијацијата на независни куратори (ИЦИ).
Основан во 2008 година, Гараж Музејот за современа уметност е еден од новите институции формирани на почетокот на новиот милениум во напливот на нови уметнички центри ширум светот кои почнаа да се (ре) појавуваат одново. Како прв филантропски потфат во Русија, со намера да се конструира сеопфатен мандат за музеј на современа уметност, Гараж еволуираше првенствено преку реакција кон променливиот социјален, политички и културен контекст во земјата. Денес, кога се прославува 10-годишниот јубилеј од неговото постоење, вниманието се свртува кон иднината. Во контекст на современост на институцијата, прашањето е кои се оние имагинарии кои ќе придонесат за унапредувањето на рефлексивен музеј кој може критички да придонесе за општеството во 21 век?
Кејт Фаул од 2009-2013 година била извршен директор на ICI. Претходно била инаугуративен меѓународен куратор во Ullens Center for Contemporary Art во Пекинг (2007-08) и претседавач на магистерската програмата по кураторски практики, која во 2002 ја ко-основала на California College of the Arts во Сан Франциско. Пред да се пресели во САД, Фаул била ко-иректор на Smith + Fowle во Лондон. Од 1994 до 1996 година била кустос во Towner Art Gallery and Museum, во Истборн, Источен Сасекс