Во Кичево се одбележува „Денот на албанскиот учител“


Во кичевските училишта, каде што се одвива наставата на албански јазик, денеска се одбележа Денот на албанскиот учител – 7 Март.

Овој ден се одбележува во чест на отварањето на првото училиште на албански јазик во 1887 година во Корча Република Албанија.

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари заедно со претседателите на Советот на општината денеска се поклони пред гробот на првиот учител Албанец во овој регион Пертез Абаз Терепели во село Јаго.

– Денеска сме тука да се поклониме пред гробот на човекот кој стана симбол на албанското образование во овие краишта.Тој на некој начин се жртвуваше во тешки услови во тоа време само за да носи образование во овие краишта дојде од Сктапар Албанија за да носи достоинство за сите кои се занимаваат со оваа професија. Затоа уште еднаш во оваа прилика би сакал на сите учители да им го честитам овој голем ден за образованието на албански јазик, рече меѓу другото Дехари.