(ВО ЖИВО) Прес-конференција на Заев и Ципрас


Во тек е средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Светскиот економски форум во Давос, на која како што се очекува ќе бидат разгледани прашања поврзани со процесот за решавање на спорот со името.

На средбата присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Ова е прва директна средба меѓу премиерите на двете држави, откако се смени власта во Македонија и по неодамнешното обновување на преговорите за решавање на спорот со името.

Двајцата премиери, како што објави Владата, дополнително ќе одлучат дали по средбата ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Изјавите следете ги на следново видео: