„Војна на Ѕвездите: Последниот џедај“ за 20 дена заработи милијарда долари


САД- „Војна на Ѕвездите: Последниот џедај“ за помалку од три недели по премиерата успеа да заработи 1,04 милијарда долари. Филмот според заработката, се наоѓа на 24-то место.

Меѓутоа, неговото прво прикажување во Кина, на пример, допрва следи, што значи многу

веројатен уште побрз раст на и онака високата заработка.

Засега последното продолжение на научнофантастичната сага, ја надмина „Убавицата и

ѕверот” на „Дизни“, најуспешниот филм во САД во 2017 година, со заработени 504 милиони долари.