Возњацки победничка на Австралија опен
Каролине Возњацки е победничка на првиот овосезонски Гренд-слемт турнир Австралија опен (АО).
Данската тенисерка во финалето во Мелбурн, ја порази првата носителка на турнирот Симона Халеп во три сета со 2:1.
Во првиот сет во кој се водеше голема борба поуспешна беше Возњацки која го доби истиот во тај-брејк со 7-6 односно 7-2 на ппени. Во вториот Романската направи два брејка и со 6-3 го доби сетот за израмнување на 1:1 во сетови.
Голема борба се водеше и во решавачкиот трет сет кој Возњацки го доби со 6-4.
За данската тенисерка ова е прв трофеј од Гренд-слем турнирите откако во 2009 и 2014 загуви во финалињата на УС Опен. Романтака Халеп пак и во третото финале не успева да стигне до трофеј, откако претходно загуби две финалиња на Роланд Гарос.