Возач излета од патот и загина
Триесет и четиригодишен жител на кочанското село Бели загина во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу 22 часот на магистралниот пат Штип-Кочани во атарот на село Тркање. Според полицијата, автомобил „форд фокус“ со кочанска регистрација, управуван од Д.А. (34), излетал од коловозот, по што возачот починал на самото место. Причините за несреќата се истражуваат.