Водителката Лила Филиповска ограбена за 1 Мај: Фала богу, јас и син ми сме живи и здрави


Популарната Тв водителка Лила Филиповска вчера беше ограбена, откако крадци влегле во нејзиниот стан во скопската населба Чаир, објави „1 ТВ“. За Женски магазин, Лила изјави дека по грабежот, останала без драги парчиња накит, одредена сума на пари и два лаптопи. Крадците влегле во станот додека таа и нејзиниот син Филип не биле дома, а најважно за Лила е што и двајцата се живи и здрави.

Моментално службите на МВР вршат увид на местото.

– Да, навистина сум ограбена. Засега не можам да ви откријам повеќе детали бидејќи полицијата во моментов врши увид, беше кратката изјава на познатата водителка.