ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска призна дека десет месеци не сработила ништо за АРМ


Шекеринска самата призна дека цели 10 месеци не сработила ништо за Армијата на Република Македонија.  Шекеринска  ги трошеше парите на апетисани и лични задоволства па требаше да поминат 10 месеци за да се сети  дека треба да се спроведат реформи во АРМ и да започне постапка за набавка за нови униформи за професионалните војници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

“Oткако СДСМ и Шекеринска го презедоа министерството за одбрана,  армијата ја плаќа сметката за нивната неспособност, а работата ја бележат бројни скандали. Јавноста беше сведок на скандалозната набавка на мазут од страна на министерството за одбрана  од фирма која воопшто не поседува лиценца за продажба на мазут.  Од министерството не дадоа одговори  како оваа фирма воопшто учествувала и како го добила тендерот.  Касарните среде зима останаа без греење, па војниците мораше да смрзнуваат во најладните денови, а голем дел војници кои патуваат не можеа да стигнат до работните места бидејќи министерството не потпиша договор за превоз на војниците”, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ неспособноста  на СДСМ доведе до тоа голем број на професионални војници да ја напуштаат армијата во потрага во подобар живот.