ВМРО-ДПМНЕ: Целата јавност во РМ виде како Заев бара поткуп


Дури ни Вице не му верува на Зоран Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари во Универзална сала! Сигурно и двајцата си се смеат кога отпосле ги слушаат лагите со кои срамно се потценува интелигенцијата на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата јавност во Република Македонија виде како Зоран Заев  бара поткуп од 200.000 евра. Заев е единствениот човек во Европа кој е премиер a за него постои јасен доказ дека ја злоупотребува функцијата барајќи поткуп. Граѓаните имаа можност да го слушнат  и оштетениот бизнисмен кој и пред судот опиша како Заев му бара евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Со тоа македонската јавност се увери  за каков корумпиран човек станува збор. Зоран Заев со државата се однесува како да е негов сопствен картел. Ги зароби судството и институциите и за да се спаси себе си, ги користи за да врши политички прогон на неистомисленици. Додека рочиштата на Заев траат со месеци и се одложуваат со нелогични изговори, рочиштата против неговите политички неистомисленици експресно се процесуираат.  Заради  притисоците на власта, правдата не важи за сите подеднакво, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.