ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ амнестира криминалци


Законот за амнестија кој денес беше изгласан во Собранието од страна на СДСМ е уште едно во низата антидржавни дејствија, рече денеска на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој соопшти дека, според ставот на опозицијата, со новиот Закон за амнестија СДСМ ги враќа долговите кон криминалците на штета на граѓаните и државата.

„Власта, со одлука на Собранието денес од затвор пушти лица осудени за трговија со дрога, тешки кражби, тешки телесни повреди, мачење и друго сурово нечовечко и понижувачко постапување и казнување, проституција и други тешки кривични дела.Со доаѓање на власт на Заев, дојде живот, но не за граѓаните, туку само за криминалците.Овој закон беше донесен на шверцерски начин без присуство на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Законот е резултат на предизборната коалиција на Заев со криминално-мафијашките структури и е целосно неправичен„ рече Костовски.