ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека манипулира со стечајците


ВМРО-ДПМНЕ го обвинува владејачкиот СДСМ дека предизборно ги изманипулирал стечајците.

„СДСМ вети решавање на проблемот на стечајците во првите шест месеци по доаѓање на власт. Помина скоро една година, а проблемот на стечајните работници се уште не е решен. СДСМ ветуваше целосно решавање на проблемот со стечајните работници, а сега презема парцијални решенија. Од вкупно 12.000 поднесени апликации, со првиот закон решени се само 2.500 стечајци, додека со сегашниот  закон предвидуваат опфат на дополнителни 2.000. СДСМ не го решава проблемот на стечајците во целост. Над 7000 стечајци се оставени вон законскиот опфат, на законот за материјално обезбедување  на стечајните работници, кој СДСМ сака да го претстави како успех“, стои во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, стечајците се изиграни и изманипулирани, а СДСМ сега покажува дека нема намера да го реализира ветувањето.

„По цела една година со СДСМ на власт, граѓаните немаат реална полза, само штета.  Граѓаните ќе им кажат не на  ваквите штетни политики и неодговорно однесување на  СДСМ и ќе го казнат секое штетно дејствие на оваа партија“, реагираат од опозициската партија.