Влада: Законот за јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на државата


Владата изразува жалење за одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да не го
потпише указот за Законот за употреба на јазиците.

„Во оваа прилика сакаме уште еднаш да нагласиме дека сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со амандманот 5 од Уставот. Со Законот ја унапредуваме употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија. Мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тое е концепт во кој оваа влада силно верува силно и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме“, соопштија од Владата.

Во соопштението се додава дека со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го
зборуваат најмалку 20% од граѓаните, што значи дека Законот, согласно ова, ја проширува употребата на јазиците во институциите и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик.

„Законот за употреба на јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, ниту, пак, употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо кои и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на целата територија на Република Македонија и во нејзините
меѓународни односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика“, соопштија од Владата.

Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија.