Вкупно три четвртини од Французите ги поддржуваат протестите на „жолтите елеци“
Околу 72 отсто од Французите ги поддржуваат „жолтите елеци“, покажуваат најнови резултати од анкета, два дена по третите по ред протести во Париз и други француски градови поради зголемување на даноците на горивата.
Сепак, повеќе од 80 отсто од испитаниците не одобруваат насилство, додека 90 проценти сметаат дека извршната власт не покажала дека е „на висината на задачата“, покажаа резултати од анкета на истражувачкиот институт „Харис интерактив“ спроведена за француското радио РТЛ и телевизијата М6.
Процентот на Французи кои ги поддржуваат протестите е сличен на бројката регистрирана и на првиот ден од протестите на 17 ноември, заклучи РТЛ.