(Фото) Висока мода во Париз: Славни дами како манекенки


Франција– Париз е центарот на модата оваа недела. Со ревии на висока мода се претставуваат луксузните модни куќи.

Брендот „Миу Миу“  го крена адреналинот со својата ресорт ревија која ја носеа славни актерки и трендсетерки.

Освен колоритните комбинации наменети за современата жена во текот на целиот ден и вечер, тимот на модната куќа одлучи, во улога на манекенки, покрај топ-манекенките Наоми Кембел, Каја Гербер и Адвоа Абоа, да се најдат и Алекса Чанг, Кејт Босворт, Гвендолин Кристи, Клои Севињи, Седи Синк,  Роун Бланчард, Џејми Кинг. Сепак, сето внимание го украде Ума Турман. Актерката го затвори шоуто и ги собра сите пофалби. Сè уште неверојатно згодна и атрактивна, со висина преку 180 см, 48-годишната Турман изгледаше подобро и од професионалните модели.

Ума носеше фустан, чие здолниште е во сирена крој со леопард принт, додека горниот дел е зелена свилена маичка без ракави, во комбинација со долг мантил, ретро очила за сонце и златни чевли, што совршено ѝ прилега.

Бразилката Адријана Лима пак како гостинка на ревијата на „Скијапарели“ пристигнала во персонализиран горен дел од дресот на репрезентацијата на Бразил со бројот 10 и нејзиното презиме на грбот кој го искомбинирала со плисирано сино здолниште со карнери и чипкасти детали, а на нозете носела црни сандали со бисери.