Висар Вишка ќе го прогласи за отворен ИТФ „Лица без маски“
Актерот Висар Вишка ќе има воведен говор и ќе го прогласи за отворен Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ на 11. издание што утре започнува вио Домот на АРМ во Скопје во 20 часот.
Годинешнотот мото на фестивалот кој ќе се одржи од 12 до 16 април е „Најди начин“.
Ќе бидат изведени вкупно седум претстави и тоа три од домашната независна продукција и четири претстави од гостувачките театри од Србија, Грција, Косово и Шпанија.
– За првпат на фестивалот „Лица без маски“ ќе имаме уникатна можност да уживаме во т.н. „Сензорна“ претстава. Станува збор за проектот „Арктик“ на шпанскиот театар „Понтен Пие“, кои во периодот од 13 до 15 април, по три пати дневно ќе ја изведат оваа несекојдневна претстава. Како фестивал што се обидува да промовира нови естетики, нови методи во современиот истражувачки театар, годинава сме среќни што имаме навистина квалитетни продукции кои ги нудат таквите начела кои се приоритет на фестивалот – вели Миодраг Костиќ директор на ИТФ „Лица без маски“.
Во официјалната програма се и политички ангажираните претстави „55 нијанси геј“, во режија на Блерта Незирај, а во изведба на „Ќендра меултимедија“ од Косово, кои ќе настапат на 14 април, на малата сцена во МНТ, „Дримвил“ на театарот „92. Артскул“ од Атина, кои ќе гостуваат на малата сцена на МОБ на 15 април, а на репертоарот се и претставите од македонската независна продуцкија и тоа: „Три прави, три опачни“ на „Интимен театар“ од Битола, кои ќе настапат на 13 април, во 22 часот на мала сцена во Универзална сала, „Ужегнатост“ во режија на Владимир Милчин, кои ќе настапат на 16 април, во ДТЦ-Чаршија, од 20 часот и независниот проект на Саша Евтимова „Ла ла ла“, истиот ден на малата сцена на МОБ, со почеток од 22 часот.
За трите фестивалски награди: ГРАНД ПРИ, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување, ќе одлучува три члено жири во состав: Дарја Ризова (актерка), Нина Николиќ (театарски режисер) и Драгана Лукан Николоски (драматург).