Викендов почнува летното сметање на времето


Владата  донесе Одлуката за денот и моментот на воведување и денот и моментот на завршување на летното сметање на времето за 2019 година, објавена во „Службен весник на РСМ“.
Според одлуката, летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 2 часот, така што со поместување за еден час нанапред времето во 2 часот се смета како 3 часот.  Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот се смета како 2 часот.
Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ.
Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.