Викендов во Минхен почнува популарниот Октоберфест
Германија– Нови безбедносни огради, дополнителни видео-камери, повеќе полицајци – се само дел од безбедносните мерки за минхенскиот Октоберфест на пивото, што годинава почнува на 22 септември и ќе трае до 7 октомври, јави ДПА.
За време на фестивалот во Минхен ќе бидат забранети дронови, како и носењето големи чанти и ранци од посетителите.
Околу 600 полицајци ќе се грижат за сигурноста на луѓето присутни таму. Полицијата сега за првпат ќе ги испроба и таканаречените „Супер-распознавачки агенти” – униформирани лица обучени да препознаат сомнително лице и да го следат секој нивни чекор. Тие ќе користат и 47 камери како помошно средство.
Минатата година традиционалниот настан беше посетен од 6,2 милиона луѓе.