(Видео) Јубилеен концерт на „Нокаут“ на 27 октомври во СРЦ Кале


По 20 години од првиот голем концерт на „Нокаут“ во 1998 година во СРЦ Кале, групата ќе одржи повратнички концерт на истото место, на 27 октомври, во организација на „Авалон продукција“.

Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени на 21 мај, во 21 часот.

Во продолжение, уживајте во најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, кој е најава за новиот албум на „Нокаут“, четврти по ред.

 

https://www.youtube.com/ watch?v=pEJQ_XmwOGw&feature= youtu.be