(Видео + Фото) Ѓоко Танески заглавен во поплавите на Халкидики


Нестабилното време донесе врнежи од дожд на целиот Балкан, но најпогодена е Грција.

Поп-пејачот од Охрид Ѓоко Танески објави стори на својот фб профил од кој се гледа дека е заглавен во објект на Халкидики, а под терасата на објектот течат реки од силните врнежи од дожд.

Грчките медиуми како и туристите објавуваат видеа и фотографии од поплавените улици и плажи, а најпогодени се местата Каналиа и на полуостровот Пилион..

Вчера на сѐ се појави и видео на кое се гледа дека во Грција се создаде дури и торнадо, што е навистина необично за овие балкански простори. Фотографиите и видеата се преземени од Halkidiki news и Фејсбук.