(Видео+ Фото) Фудбалерот Чорлука се ожени за поп-пејачката Франка Бателиќ


Хрватска– Само една недела откако го освои среброто во Русија, хрватскиот фудбалски репрезентативец, 32 – годишниот Ведран Чорлука се ожени со познатата хрватска пејачка Франка Бателиќ (26). На венчавкава во малиот истарски град Бале каде претходно да кажааи Нина Бадриќ и Северина  до раните утрински часови уживале стотина гости, кои славеле во чест на преубавата пејачка и сребрениот хрватски репрезентативец. Бателиќ носела елегантна венчаница на дизајнерката Каролина Херера.

На свадбената веселба се јаделе истарски деликатеси, а се уживало и во домашно истарско вино.

Франка и Ведран со гостите пееја го голем број песни, а обожавателите кои не успеаја да ги поканат на свадбата ги почестија со видео од песната „Лутка“ на „Сарс“.

Доцна во ноќта останале и капитенот на хрватската репрезентација, 32 годишниот Лука Модриќ и неговата сопруга Вања.

Ова е прв брак на Бателиќ, а втор на Чорлука.