(Видео) (Фото) Фатиме Фетаи: Не може да ме обвинат за сакање – сум сакала да видам како е во диско


Пародијата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи го привлече најголемото внимание на вчерашното издание на раскажувањето женски приказни „Причпич“ во Скопје.

Foto: Vanco Dzambaski

Темата на која дискутираа повеќе жени од јавниот живот годинава беше „Добив“. Фетаи се потсмеваше со критиките кои ги добива на социјалните мрежи поради својот животен стил. Настанот за кој го говореше го претстави како кривичен настан, често користејќи правна терминологија.

Фетаи зборуваше за женските права, родовото стереотипизирање, фамата која ја прават медиумите при секое нејзино појавување во јавност и позицијата на жените во општеството.

Foto: Vanco Dzambaski

Според она што го раскажа Фетаи, во дискотеката се сретнала со судија, исто така бил изненаден „што таа барала таму“ иако и истото прашање по тие норми и стандарди треба да му се постави и на судијата.

Таа вели дека не „признава“ вина и затоа не добила условна казна, а како и секој злосторник има намера да се врати на местото на злосторот, односно некогаш повторно би отишла во дискотека.

Настапот на Фатиме Фетаи погледнете го во видеото: