(Видео) Усвоен Законот за јазици – со 64 гласа и без амандмани


Во напната атмосфера, додека пред собраниската говорница се случуваше вистински метеж, парламентот го донесе предмалку Закон за јазици.

За регулативата која е дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ гласаа дури 64 пратеници. Никој не гласаше „против“ или „воздржано“.

Законот, во трето читање, е усвон со истатата содржина како и на 11 јануари годинава, кога претседателот Ѓорге Иванов стави вето. Овој пат, Иванов е обврзан да го потпише Указот за прогласување на Законот за јазици.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии близу 36 илјади амандмани беа отфрлени вчера и директно се премина на гласање, најави претходно дека ќе оди на судска разврска доколку нема расправа за нејзините предлог-корекции.