(ВИДЕО) „Трејлер“ за филм со хероите од серијата „Пријатели“ предизвика хаос на социјалните мрежи


Последната епизода на серијата „Пријатели“ е емитувана во далечната 2004 година, а оттогаш обожавателите на серијата се надеваат на повторно собирање на шесте пријатели. Лажниот трејлер, кој неодамна е објавен на Јутјуб, повторно ја разбуди надежта дека би можеле да гледаме филм со нови случки на Моника, Рос, Чендлер, Рејчел, Фиби и Џои.

Во „трејлерот“, кој го најавува новиот филм во кој пријателите после многу година повторно се зближуваат, се открива дека Чендлер и Моника се пред развод, а децата на Рос, Бен и Ема, веќе одат на училиште.

Сепак, се работи за неофицијален трејлер, кој е објавен на јутјуб-каналот „Смешер“, кој често право уверливи, но лажни најави за филмови.