(Видео) Силни ветришта во Охрид: Поплавени и делови од шеталиштето покрај езерото


Прогнозите УХМР се остварија, па денеска Охрид и регионот беа зафатени од силни ветришта. На социјалните мрежи граѓаните објавија видеа на кои се гледа како силниот ветер ги носи вкотвените чамци и бротчиња на охридското пристаниште, а поради силината на ветрот, брановите го поплавуваа и шеталиштето покрај езерото.

Претходно, од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска највија дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со над 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од УХМР велат дека во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. В недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.