(ВИДЕО) Првиот настап на „Дупер“ во живо помина одлично
Новата поп-атракција насловени како „Дупер“ вчеравечер го имаа својот прв настап во живо во рамките на фестивалот „Сонична младост“, кој се одржуваше во Младинскиот културен центар во организација на Мирко Попов и ПМГ Рекордингс.
Бендот „Дупер“ го сочинуваат Илчо Нечовски (бас и вокали), Борис Какуринов (гитара и вокали) и Мартина Баракоска (тапани и вокали).
Досега во етер имаат пуштено две песни „Не сум твој тип“ и „Имаш тело за на ТВ“. И двете песни се прифатени одлично од пошироката публика, а на нивниот вчерашен настап се покажат дека веќе имаат стабилна фан-публика.
Дел од атмосферата ви ја пренесуваме преку видео: