(Видео) На пауза од судница, Груевски на седница


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се појви денеска, по подолго време, во парламентот, за да присуствува на расправата за Законот за употреба на јазиците.

Груевски, кој сега е само пратеник, во последно време најчесто е присутен во јавноста кога треба да се јави на судско рочиште за некој од предметите што  ги води против него Специјалното јавно обвинителство.

Во изјавите што ги дава по судењата, Груевски, често, се жали дека е секојдневно во судница, дека треба да му дадат канцеларија во судот или дека се чувствува како главниот лик во делото „Процес“ на Франц Кафка.