(ВИДЕО) Лигава шлаканица: Фока удри кајакар со октопод по лице


Неверојатен момент се случи во водите на Каиокура, Нов Зеланд, кога кајакар доби лигава шлаканица по лицето од фока! Фоката веројатно се борела со октоподот за да го улови за ручек кога наишол кајакот во кој веслал изненадениот кајакар.

„По забавното веслање околу полуостровот кој го заплискуваа бранови, забележавме огромна машка фока која се бореше со октопод. Пред да ја забележиме, добив шлаканици по лицето. Не сум сигурен кој беше повеќе изненаден фоката, октопод или јас“, напиша кајакарот на Инстаграм.