(ВИДЕО) Критична состојбата со пожарот кај Кавадарци


Телевизијата 24 вести објави видео од пожарот во близина на Кавадарци.

Командиорот на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, Александар Чадамов, информира дека во гаснење на пожарот во манастирскиот атар учествуваат девет пожарникари и пет работници од „Македонски шуми”.

– Во моментов ги повикуваме сите слободни пожарникари кои не се на смена, за да не го оставиме градот Кавадарци на милост и немилост, бидејќи огнот од кај Трстеник се движи кон Кавадарци – нагласува Чадамов.

Дополнителна екипа пожарникари е испратена на новото жариште кај Трстеник.

Од противпожарната единица во Кавадарци апелираа сите слободни пожарникари кои не се на смена да се вклучат во гаснењето.