(Видео) Кралското семејство ја прослави крштевката на принцот Луис


Англија– Принцот Луис од Кембриџ вчера беше крштеван во кралската капела во Сент Џејмс палатата. Кејт и Вилијам беа горди родители, чија радост беше очигледна уште од самото пристигнување во палатата.

4-годишниот Џорџ и 3-годишната Шарлот за рака го држеа принцот Вилијам, додека Кејт, облечена во бел фустан на Александар Меквин, го држеше принцот Луис стар 11 недели, облечен во традиционалната долга облека за крштевка.

По официјалниот дел, целото кралско семејство заедно со гостите се упатиле на попладневен чај, каде се служела торта идентична како на нивната венчавка.

Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг војводата од Единбург не се појавија на приватната церемонија во кралската капела.