(Видео) Клан Кардашијан: Мајка, ќерка и внука во рекламен спот на Фенди


САД– Прославувајќи 10-годишнина од легендарната Пикабу чанта, Фенди лансираше нова рекламна кампања која се фокусира на мајките и ќерките.

За потребите на кампањата, италијанската луксузна модна марка ги ангажираше Ким Кардашијан и нејзината ќерка Норт Вест, како и мајката на Кардашијан, Крис Џенер.

Фотосесијата е реализирана во Лос Анџелес, а дополнително со славното трио е снимен и видео спот.