(ВИДЕО) Жена пукаше во седиштето на компанијата ЈуТјуб


Жена пукала со пиштол во седиштето на ЈуТјуб во Калифорнија, при што ранети се тројца вработени во компанијата. Потоа жената се самоубила, јавија американските медиуми.

Полицијата ги предупреди жителите на Сан Бруно, град што се наоѓа јужно од Сан Франциско, да го избегнуваат подрачјето околу седиштето на компанијата.

– Во седиштето на ЈуТјуб има напаѓач со огнено оружје кој пука. Сега сме забарикадирани во една канцеларија со колеги, наведе на Твитер вработен во компанијата.

Тамошните медиуми пренесоа дека жената се вика Насим Агдам (39), и дека нападот е последица на приватни несогласувања. Имено, една од жртвите, 36-годишен маж, наводно бил дечко на напаѓачката.

Единственото познато за жената е тоа што го пишува на нејзиниот сајт, а тоа е дека себе се опишувала како веганка, атлетка и уметничка.