(Видео) Дупла тужба: Ед Ширан обвинет за плагијат на песна на Марвиј Геј
САД – Во 2016 година, беше објавено дека поп-ѕвездата Ед Ширан е тужен од страна на семејството на Ед Таунсенд, коавторот на песната “Let’s Get It On” на Марвин Геј. Семејството тврди дека Ширан земал повеќе музички елементи – вклучувајќи мелодија, хармонија и ритмички компоненти – од песната на Геј за неговата сопствена песна “Thinking Out Loud”.
Сега, сега уште една страна поднесе тужба против Ширан за истото прекршување на авторските права, како што известува „ТМЗ“. „Страктурд Асет Сејлс“, компанија која купи една третина од авторските права на “Let’s Get It On”, бара 100 милиони долари отштета за прекршување авторски права.
„Пичфорк“ побара коментар за обвиненијата од претставниците на Ширан.