(Видео) Додик како Дачиќ: Пред 300 сопартијци ја запеа „Пукни зоро“
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги покажа своите вокални способности. Тој, како и неговиот српски колега, Ивица Дачиќ, во Долни Подградци пред 300 луѓе ја пееше песната „Пукни зоро“.
Локалниот комитет на неговата партија СНСД во Долни Подградци организираше церемонија по повод 20-годишнината од формирањето на локалниот комитет на која минатата ноќ присуствуваше Додик, објави Vijesti.ba.
Додик беше придружуван од оркестар, а како изгледаше сето тоа и дали успеа да ја развесели публиката, погледнете од видеото.