(ВИДЕО) Во Њујорк се отвора Музеј на шпионажа


Музејот Спајскејп се отвора утре во Њујорк, а посетителите ќе можат да добијат податоци за историјата, и за тоа какви видови шпионажа постојат.

Посетителите на Музејот ќе имаат можност да научат за иднината и сегашноста на шпионажата, од машината за обработка на шифри од Втората светска војна до најпознатите шпионски имиња и нивните потфати.

Изложбата има и сегмент за програми за размена на податоци како што е Ватсап, а посетителите можат да добијат и совет за ограничување на кибер изложеноста.

Во Музејот има изложбен простор каде се наоѓаат камери за некои од најпознатите и најчесто користени социјални медиуми, како Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

Изложбениот простор е поделен на повеќе сегменти, односно на шифрирање, измама, хакирање, воен кибер, разузнавачки дел, следење и посебни операции.