Вест Хем го враќа Кагава во Премиер лигата
Вест Хем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава.
Дваесет и девет-годишниот Јапонец е една од главните трансфер цели ова лето на „чеканите“. Цената што тимот од Лондон е подготвен да плати е 13 милиони евра.
На клупско ниво во сите турнири, Кагава има 26 натпревари, постигнувајќи 6 гола и 3 асистенции.
Кагава има искуство во Премиер Лигата бидејќи во периодот 2012-2014 година одигра 38 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна шест гола.
Јапонецот потоа се врати во Борусија.