Весели: Неукинувањето на визите за Косово претставува расизам
Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели го нарече „расизам“ кон граѓаните на Косово, одбивањето на визната либерализација од страна на некои членки на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Весели на прес-конференција по седницата на Претседателството на Собранието изјави дека косовските граѓани се неправедно оставени во изолација и очекува од Австрија, како претседавач со ЕУ, да го процесуира во Советот на министри предметот на визната либерализација за Косово.
– Самото доаѓање на австрискиот канцелар е добра вест. Ние очекуваме од Австрија да го процесуира прашањето за визната либерализација. Знаеме дека има скептични земји, меѓутоа ова не е политичко прашање. Сега има гласини дека е ова е политичко прашање, но во тој случај тие би биле против себе. Не може да ни се одземе правото кое ни следува, инаку тоа е расизам. Екстремен расизам, изјави Весели.
Тоа што сега се вели дека либерализацијата е сепак политичко прашање, според собранискиот спикер, значи дека „10 години немало некој одреден критериум за граѓаните да не можат да се движат слободно во Европа“.
Тој нагласи дека Косово ќе продолжи да иснсистира на правото за слободно движење и ќе продолжи да лобира во тој правец до крај.
– Не се повлекуваме од предизвикот, туку ќе бидеме уште по гласни. Ние сме горди за тоа што сме, но треба да бидеме уште поупорни и не смееме да дозволиме да ни се негира правото на движење, изјави Весели.