Вевчанец приведен на Табановце за да оди во затвор


Едно лице е приведено вчера на граничниот премин Табановце, откако пограничната полиција утврдила дека се наоѓа на листа за издржување казна затвор.

Надлежните, како што соопшти МВР, вчера на граничниот премин при пасошка контрола констатирале дека лицето В.Ш. (64) од с.Вевчани се наоѓа на СТОП- листа за издржување казна затвор во траење од три месеци.

Казната му е изречена за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, согласно член 292 од Кривичниот законик.

Лицето било лишено од слобода и со потврда било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.