Бутарис: Многу сум разочаран поради протестите во Солун


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, категорично се огради од денешниот протест кој се одржа против правото на Република Македонија да го користи терминот “Македонија” во своето име.

Митингот беше организиран од неколку националистички формации, вклучувајќи ја и неонацистичката Златна Зора. Според полицијата, околу 30.000 луѓе биле присутни на протестот.

“Многу сум разочаран бидејќи по 25 години расправии за името на Скопје ние сме во иста позиција. Психологија и односот на многу грчки граѓани не се смениле. Проблемот е што луѓето мислат дека Македонија ќе ни одземе идентитетот, никој не може да го направи тоа. Тие не се закана за нас. Луѓето се многу слабо информирани си поврзуваат разни работи кои не се вистина”, рече Бутарис.