Бурден наследството од 1,2 милиони долари и го оставил на ќерката


САД-Ентони Бурден изврши самоубиство во хотелска соба во Франција, а во неговиот тестамент стои дека целиот имот го остава на своето единствено дете, ќерката Аријана, која има 11 години.

„TMZ“ пренесува дека поранешната сопруга на славниот готвач и патеписец е извршител на тестаментот.

Според пишувањата на споменатиот портал, Ентони и оставил „само“ 1,2 милиони долари на својата ќерка, од кои речиси половина милион во кеш, додека остатокот од сумата е на сметка во банка, или во вид на инвестиција.

Јавноста е изненадена, пред сѐ поради тоа што се сметаше дека богатството на Бурден изнесува најмалку 12 милиони долари.

„TMZ“ додава дека Бурден оставил и долг за хипотека, кој изнесува милион долари.