Брод со осум мртовци пронајдени во Јапонија
Осум тела, од кои повеќето се претворени во костури, се пронадени денеска во мал дрвен брод што допловил на плажа во Јапонското Море.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека се обидува да го утврди идентитетот на жртвите.
Експертите сметаат дека станува збор за уште една во серијата несреќи на севернокорејски рибарски бродови, што се случија во текот на изминатите недели.
– Северна Кореја ги принудува луѓето да ловат повеќе риба со цел да се надомести недостигот на храна, констатираше Сео Ју-сук од Институтот за северонокорејски студии во Сеул.
Јосхихико Јамада, професор на јапонскиот Универзитет во Токио, оцени дека најверојатно станува збор за настрадани рибари кои ловеле во Јапонското Море и биле зафатени од невреме.