Брегзит може да ја чини Британија 100 милијарди фунти годишно


Брегзит ќе ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно, се наведува во студијата на Националниот институт за економски и социјални истражувања.

Студијата беше побарана од британската група „Гласот на народот“, која води кампања за втор референдум за конечниот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија.

Договорот на премиерката Тереза ​​Мај со Брисел во просек ќе го чини секој Британец над 1.000 фунти годишно во следната деценија, открива првата независна анализа на договорот за Брекит.

Новото истражување покажа дека договорот за Брегзит може да ја чини економијата на Велика Британија 100 милијарди фунти годишно до 2030 година, што во просек е 1.090 фунти по човек.

Исто така, за 46 проценти ќе се намали трговијата со ЕУ и е можен пад од 21 отсто на странските директни инвестиции.